Menu

BERU

Beru

BERU е водечки бренд за делови за системот за палење. Покрива 40% од светскиот пазар кај дизел моторите и е еден од четирите главни брендови во Европа кај бензин моторите.

Повеќе информации за брендот на официјалната WEB страна на BERU

За BERU како дел од групацијата Federal Mogul

FEDERAL-MOGUL CORPORATION LOGO

Малку се корпорациите во светот кои можат да се пофалат дека нивните производи и во вселената. Federal Mogul е една од нив. Ако тоа не е доволна референца, годишниот приход од речиси 7 милијарди долари би требало да биде.
приказната за Federal Mogul започнува во Детроит во 1899 година кога J. Howard Muzzy и Edward F. Lyon ја основале Muzzy Lyon Company.
Muzzy и Lyon на почетокот правеле делови од гума и потрошни делови за воденици, за да покасно ја придодадат новата компанија Mogul Metal Company која се фокусирала на изработка на лежишта. Како растела потрошувачката, така они ја следеле со своите производи. Наскоро развиле свој вид на легура за клизни лежишта која се состоела од бакар, коситр и антимон и ја нарекле Mogul. Освен тоа ги усовршиле техниките на лиење и така произведувале попрецизни лежишта од конкуренцијата. Работата тргнала многу добро, па потоа се фокусирале само на него, а Buick станал првиот производител на автомобили на кој му добавувале свои производи.
Понатаму Muzzy Lyon Company се споила со Federal Bearings and Bushings Corporatio, и настанало познатото име Federal Mogul Corporation кое се користи и денес.
Federal Mogul денес е многу повеќе од производител на лежишта. Денес е тоа мултинационална компанија чија понуда се  грани во делови за поправка на моторот, како и во делови за сервис и одржување.

AnnArbor_F_001 

Производен асортиман на Federal Mogula

  • Погон
  • Mотор
  • Филтри и хемикалии
  • Расвета
  • Дихтување
  • Управувачки сситеми
  • Суспензија
  • Брисачи

Goetze, Glyco, Payen…

Нивниот каталог има многу повеќе од 1.000 страници. Или обратно, ако моторот е произведен во сериозен број на примероци, Goetze за него нуди сет од карики. Вистински мерки, исклучително квалитетен материјал и врвна технологија. Не само што се пресвлечени со посебни премази како би работел моторот потивко и помирно, како и со дополнителна трајност, па со воведување на новите бензински мотори со директно вбризгување во програмата влегла и т.н. маслена карика LKZ која ја намалува потрошувачката на маслото до 50%.
Glyco ќе се погрижи за лежишта кои се на коленестото вратило. Главите во кои се врти радилицата, но и оние на големата глава на која е клипњачата. Glyco во програмата има и сосема нова серија IROX лежишта кои се истакнуваат со до пет пати подолг век на траење од вообичаените лежишта.
Конечно, тука се Nüral клиповите кои се истакнуваат со квалитетните материјали и исклучителната топлинска отпорност. Не е потребно да се истакнува дека Nüral клиповите доаѓаат во сет со Goetze карики.

За крај Payen e тука со своите семеризни, дихтунзи на главата на моторот, и навртки за нејзино сигурно стегање.

Шест технички центри и 200 инженери

Кога името на некој производител стане синоним за сите производи од тој вид, тогаш тука не треба ништо дополнително да се објаснува. Ferodo во својата програма нуди баш се што е потребнои за кочење – дискови, диск плочки, облоги за барабани, кочиона течност и кочиони црева.
Не постои озбилен производител на автомобили кој нема производи на Ferodo во прво вградување.
Делумно и затоа што Ferodo вложува многу во развој на нови технологии. Најдобар пример за тоа е новата линија тнр. Eco-friction диск плочки во кои нема бакар во склад со законите на ЕУ кои само што стапија на сила.IROX Polymer-Coated Engine Bearing

Прво вградување

Federal Mogul е исклучително силно застапен за прво вградување кај повеќето производители. Да погледнеме кои се деловите на кои производителите им подариле доверба?

МОТОР

– Ecotough клипови

– Elastoval II ултра лесни клипови

– LKZ клипни прстени (карики) за исклучително ниска потрошувачка на масло

– CarboGlide графитен премаз на кариките за помало триење и пониска потрошувачка

– исклучително издржливи седишта на вентили од powder-метал

– клизни лежишта со полимерен премаз IROX

– дихтунзи на глави (повеќеслојни челични, алуминиумски и профилирано деформабилни)

– Нимбусови топлински заштити

– Microtorq-семеринзи

– DuroGlide – посебен премаз за смалување на трошењето на клипните прстени

– Sprayfitove кошулици на цилиндрите

-Elastothermic-клипови

KОЧНИЦИ

– Ecofriction кочни облоги со исклучително ниско учество или без бакар

 

ЗАШТИТА

– Заштита од електромагнетно зрачење

– Quietshield – заштита од бука

 

EcoFriction_12_frontview_01_HR

 

РАСВЕТА

– NovaLenses – исклучително тенка внатрешна расвета

– Внатрешна расвета од типот LIN LED

– Индиректна внатрешна расвета

 

БРИСАЧИ

– Насадни рамни метлици на брисачи

Surefire+ Spark Plug

Championchampion

Уште еден бренд преполн со традиција. Погледнете било кој филм со трки стар 50 или 60 години во него има реклама за Champion. Компанијата која станала синоним за свеќици и во меѓувреме итекако ја проширила својата понуда, па денес произведува и филтри за воздух и масло, адитиви за гориво и масло и метлици за брисачи.

ae

 

AE – за поправка на мотори

AE во својата програма има вентили за мотори за комерцијални и лесни возила. Освен тоа нуди и запчести ремени за погон на разводниот систем и брегастите вратила.

Glyco – прво вградување со милиони примениglyco

Glyco произведува клизни лежишта без кои моторот не би можел да функционира. Се работи за главни лежишта на коленестото вратило и големата глава на клипњачата. Glyco е прво вградување кај повеќето производители во светот.

 

Goetze – број еден за клипни прстениgoetze

Goetze  е познат по своите клипни прстени (популарни карики). Исклучително издржлив, број еден е за прво вградување, но и на афтермаркет пазарот кога е потребна поправка на истрошениот мотор.

 

Nüral – клипови за секоја пригодаnural

Nüral нуди клипови, кошулици на цилиндри и штрафови за глави. Во сетот се наоѓаат и клипните прстени Goetze. Исто така збор е за прво вградување и на афтермаркетот.

 

Payen – мајстори на дихтувањетоpayen

Payen е специјалист кој произведува дихтунзи за глави на мотор, но и аксијални дихтунзи (популарните семеринзи). За крај, во понуда се и навртките за стегање на главата на моторот.

 

Beru – палење, ладење, стартувањеberu

Beru е број еден во светот кога се во прашање греачите на дизел моторите. Исто така произведува свеќици и модули за палење (бобини), кабли и конектори. Тука се и спојите на вентилаторите како и исклучително прецизните сензори.

 

Champion – најпознат по свеќицитеchampion

Champion е најпознат по свеќиците, во тоа нема никаков сомнеж. Но тој произведува и метлици за брисачи, филтри за воздух и масло како и адитиви за гориво и масло.

 

Ferodo – второ име за кочнициferodo

Има ли некој кој не слушнал за Ferod-и? Името на компанијата станало синоним за кочни облоги, има ли подобра препорака? Ferodo е и денес водечки во светот, застапен во прво вградување, а веќе има во понудата материјали без бакар во склад со барањата на ЕУ.

 

Moog – елементи за суспензијатаmoog

Aftermarket, специјално развиени делови на суспензијата кои на вашето возило ќе му го повратат делумно изгубената младост.