Дали носите појас кога се возите на задното седиште?
Неодамна, американскиот IIHS објави студија која се занимава со носењето појас на задното седиште – и резултатите кажуваат дека значително помалку луѓе „се врзуваат“ кога седат позади.
Во истражувањето на IIHS (Insurance Institute for Highway Safety) биле опфатени 1172 испитаници – и 91{1a97c10d646cdd866c4e7da191fcdd55ccef3c6a0f5bf5fd7b08816e77587337} кажале дека носат појас кога седат напред, но кога се возат во такси, помалку од 60{1a97c10d646cdd866c4e7da191fcdd55ccef3c6a0f5bf5fd7b08816e77587337} од испитаниците кажале дека не носат појас кога седат на задните седишта. Кога се возат во свое возило, бројката е значително подобра – но сепак само 72{1a97c10d646cdd866c4e7da191fcdd55ccef3c6a0f5bf5fd7b08816e77587337} носат појас на задното седиште.
Според анкетираните, луѓето веруваат дека задното седиште е побезбедно и дека појасот не е потребен. Но истражувањата докажуваат дека кога не носите појас на задните седишта, не само што можете да се повредите себеси – можете да ги повредите и другите во автомобилот. Во некои случаи, може да се случи неврзаниот патник да го убие врзаниот патник на предното седиште.