
FEBI Bilstein е еден од светски водечките производители и добавувачи на резервни делови за патнички автомобили и комерцијални возила во независниот афтермаркет сегмент во светот. Нивниот бренд е синоним за континуитет, квалитет, услуга, сигурност и иновации повеќе од 170 години.
Од системите за управување преку деловите за мотор, системите за сопирачки, деловите за поврзување на шасијата со тркалата,електроника, пневматика и дополнителната програма – FEBI Bilstein, ќе најдете се што ви e потребно за професионален сервис на патнички автомобили, камиони, автобуси, приколки, полуприколки и лесни комерцијални возила од сите популарни брендови и модели.
Повеќе информации за брендот на официјалната WEB страна на FEBI
за febi
Во моментот кога повеќето глобални компании имаат производни погони ширум светот, febi се гордее со ознаката “Made in Germany” и константниот квалитет.
Ferdinand Bilstein GmbH + Co. KG е целото име на компанијата која Ferdinand Daniel Bilstein ja основал на 1. септември 1844 година. Како и повеќето слични компании од тоа време и неговата воглавно произведувала алати и опрема за металната индустрија. Потоа во 1882 година по прв пат е направено проширување на производниот програм во кој се нашле навртки, матици и слични производи.
Првиот вистински залет компанијата го доживува во 1921 кога febi произведува и патентира клин и така влегува во кругот на добавувачи на делови за прво вградување во автомобилската индустрија.
Клинот со опруга е представен на Саемот на автомобили во Берлин таа година и одлично е прифатен во стручните кругови. Со тој поттик febi biltein се повеќе се фокусира на пазарот на резервни делови за автомобили за кои произведува заменски делови за работи кои се подложни на периодична замена.
Тоа на што е febi и денес горд е сопственото производство на делови и одлуки од кои не се откажува ниту во ова време на глобализација: секој ден што е произведен од febi bilstein има ознака “Made in Germany”.
Сопственото производство е длабоко вкоренето во компанијата која со обработка на метали се занимава од 1844 година и има исклучително искуство во тоа. Затоа febi самиот го развива секој дел и може да произведе и оние најкомплексните. Јасно тоа не се однесува само на машинската обработка со одвојување на честичките, туку и на површинската обработка која на делот му ги дава потребните својства и гарантира прецизност и долговечност. Истото се бара и од надворешните кооперанти кои мора да задоволат идентични стандарди за квалитет кои почиваат на тројниот систем за контрола на квалитет. Затоа деловите на febi bilstein ги задоволуваат барањата на прво вградување.
febi на своите корисници освен врвен квалитет на деловите нуди и “just-in-time”достава со што се штеди на обртни средства и време, помалку пари е потребно за купување на делови, потребни се помали залихи, доволен е и помал складишен простор итн. Предностите се врзуваат една по друга како алки на ланецот се благодарение на исклучитеелно модерниот централен магацин со повеќе од 100 милиони позиции кои компјутерите прецизно ги праќаат во сите краеви на светот.
Попрецизно, 12 илјади парчиња секојдневно заминуваат кон купувачите од магацинот кој има 34.000м2, односно во обем 291.000 м3.
febi нуди воедно широк асортиман на делови за лични, но и камионски и лесни доставни возила. Притоа не се работи само за механички делови (суспензија, мотор и слично), туку во понудата се и електронските компоненти кои се во силен пораст и оваа година достигнале 40% од вкупниот промет. Уште еден доказ за компетенцијата се фулидите кои ги произведува febi. Во таа програма се наоѓаат маслата, антифризот, глецерин за кочници, масти за подмачкување и средства за осигурување од одвртување.
Речиси идентичен е програмот и за теретни возила, но и за лесни товарни возила. Вреден за истакнување е и програмот на навртки за прицврстување на тркала што кај старите возила знае да биде проблем: febi нуди решение и за тој проблем.
Вреди да се оистакне и многу обемниот програм за едукација, односно техничките прирачници за вградување кои ќе бидат од помош на секој механичар: какона професионалците, така и на викенд-хобистите кои со својот автомобил се занимаваат или од потреба или од хоби.
Ако одберете делови од febi bilstein, сте купиле дел од гарантираното ‘made in Germany’ кое со својот квалитет е еднаков или дури и подобар од деловите за прво вградување по поволна цена. Рецепт е кој до febi bilstein се држи од своето формирање во 1844 и кој му гарантира понатамошен раст и иднина.
KАМИОНСКИ ПРОГРАМ
Со производствена линија од преку 30.000 различни делови за патнички и итеретни возила, febi bilstein нуди комплетен и континуирано проширен асортиман на производи за професионална репаратура на возила за сите постоечки марки и модели. Испораката на време се однесува на преку 140 земји.
Предност е и пребарувањето на делови која е целосно прилагодена на корисниците. Целокупниот производствен асортиман за “Truck Division” може да се прегледа во живо и моментално. Сега постои и 3D пребарување кое во потполност го олеснува пронаоѓањето на потребните делови. Целокупниот асортиман може да се најде на www.trucks.febi-parts.com.
febi bilstein има во понудата повеќе од 250 амортизери за камиони, автобуси, приколки и возила за специјални намени. Конечно, тука е и исклучително богатиот асортиман на воздушни перници кој осигурува решенија за осетливиот систем на суспензијата. Со високо ниво на удобност, со воздушни перници со зголемување или намалување на притисокот на воздухот лесно се регулира висината на суспензијата на камионите и автобусите.
Програм „febiplus“
Со услугата „febiplus“ која е развиена за трговците, febi bilstein им помага на клиентите како би го оптимизирал својот асортиман. Програмата „febiplus“ содржи делови од различни групи производи, а развиен е речиси ексклузивно, како и деловите од програмот за оригинална опрема (ОЕ).
Програм „febitip“
Програмот „febitip“ е осмислен како редовно на купувачите би им ги приближувал значајните информации и занимливости врзани за одбраните производи. Информациите се однесуваат на сервисирање на производите, специјални детали, технички компоненти и самата инсталација на производите.