Menu

MAHLE

Mahle

MAHLE Group е компанија препознатлива по инвентивност, висок квалиетет и јасен пристап кон своите коминтенти. Во нашата понуда од овој бренд може да пронајдете: клипови, клипни прстени-карики, хилзни, летечки и лежечки лежишта, вентили, водилки за вентили.

Повеќе информации за брендот на официјалната WEB страна на MAHLE

За Mahle

Успешната приказна на компанијата MAHLE започнува во далечната 1920 година кога двајцата браќа MAHLE во својата мала работилница во Германија се заинтересирале за проблематиката на клиповите во моторите со внатрешно согорување. Соочувајќи се со проблемот со прљавштината и прашината која постојано им сметала на моторите и им се заканувала на нивната работа, сфатиле дека секое согорување е исправно и квалитетно само онолку колку е чисто и добро неговото опкружување. Така се развиени првите филтри за масло и воздух. Вербата во нивниот производ се исплатела и денес половина од автомобилите во светот имаат во себе MAHLE оригинални делови.

mahle

MAHLE резервни делови на моторот кои со квалитетот и на производната трака истоветни на оригиналните делови на вашето возило се клиповите, кариките, кошулиците на цилиндрите, лежаите на радилиците, вентилите и водилиците на вентилите и турбо полначите, а филтрите за воздух, филтрите за масло, филтрите за гориво и филтрите за кабина со и без активен јаглен представуваат  секако врв во понудата на филтри на нашиот пазар. Секако кога е MAHLE групацијата во првите три добавувачи во светот за делови на моторот и системи за филтрација.

Сега речиси стогодишниот константен развој и иновации создале име кое гарантира најголем MAHLE квалитет. Без оглед дали се работи за еден од филтрите во вашето приватно возило, камион, автобус или за клип на Формула 1, сите MAHLE резервнои делови се тестирани и проверени со постоечките ISO и DIN стандарди и ги задоволуваат сите барања на производителите на автомобили. Компанијата која поседува дури осум центри за истражување и развој растурени по целиот свет денес е синоним за квалитет и еден од долгогодишните партнери на Mega Auto Parts.