Menu

BOSCH

Bosch

Еден од најголемите снабдувачи на автомобилски делови во светот. Основни производи на Групацијата BOSCH се автомобилските компоненти, вклучувајќи сопирачки, контролни уреди, електрични уреди, електроника, системи за гориво, генератори, уреди за стартување и системи за управување.

Повеќе информации за брендот на официјалната WEB страна на BOSCH

За BOSCH

Ретки се автомобилите, но и другите електро-хидро-механички системи кои не поседуваат ниедна компонента со потписот на Bosch. Сосема е сеедно дали станува збор за термопрекинувачи, инјектори, пумпи, централни единици или за комуникациска технологија. Bosch се наоѓа и во домовите каде името на компанијата основана уште во далечната 1886 година стои на миксерите, фрижидерите и шпоретите. Слободно може да се каже дека Bosch е водечки глобален добавувач на технологија и услуги во полна смисла на зборот.

Во 2013 година отприлика 281.000 негови вработени оствариле промет од 46,1 милијарди евра.

Дејноста на групацијата е поделена во 4 деловодни подрачја: технологија за моторни возила, индустриска технологија, потрошувачка роба и енергетска и градежна технологија. Групацијата Bosch го опфаќа друштвото Robert Bosch GmbH и повеќе од 360 подружници и регионални друштва во околу 50 земји. Ако ги вброиме и неговите продажни и сервисни партнери, Bosch е застапен во отприлика 150 земји.

Моќта на Bosch е во неговата аестраност и сеприсутност, па така и во подрачјето на автоопремата на располагање се повеќе од 450.000 различни резервни делови, а што е уште поважно – сите тие делови брзо и навремено стигнуваат до клиентите на кои истовремено им е гарантирана услугата со гаранција.

1-SE-17828

Секторот Решенија во мобилноста е најголем деловен сектор на Групацијата Bosch. Во 2013 тој сектор остварил промет од 30,6 милијарди евра, што чини речиси 66% од вкупниот промет на Групацијата. Тоа ја прави Групацијата Bosch  една од водечките добавувачи на автомобилска опрема. Секторот Решенија за мобилноста воглавно се занимава со следните подрачја: технологија на вбризгување за мотори со вантрешно согорување, алтернативни концепти на погонски склопови, ефикасна и вмрежена периферија на погонските склопови, системи на активна и пасивна безбедност и сигурност во возењето, функција за помош и удобност, технологија за инфозабава прилагодена на корисникот и комуникација меѓу возила, технологија и услуги за пазарот на автоопрема. Bosch е заслужен за важни иновации во автомобилската индустрија, како што е електронското управување со моторот, ЕСП системот за стабилност, како и комон реил дизелската технологија.

Bosch-овата распространетост е  толку импресивна и раскошна да е невозможно накратко да се изложи во целост, па е најдобро да се види само пописот на подрачја и дејности на кои делува компанијата.

Bosch во 2014 ја превзема и компанијата  ZF Lenksysteme GmbH (ZFLS).

ZFLS развива, произведува и продава системи за управување за патнички автомобили за целиот свет. Со потполното превземање на компанијата ZFLS, Bosch ја зголемува својата способност за активно обликување на иднината на автомобилите. Компанијата е технолошки предводник на подрачјето на електричното серво-управување кое е во пораст, а токму тоа е темелна технологија за автоматизирано возење, за ефикасни возила и за електрични автомобили.

Bosch исто така го превзема и делот на Siemens од 50% во заедничкиот потфат BSH Bosch und Siemens Hausgeräte GmbH (BSH). BSH одлично се вклопува во водечкото стратешко начело: „технологија за живот“. BSH станува фирма ќерка во целосна сопственост на Групацијата Bosch.

Дејности на компанијата BOSCH

  • Автомобилска технологија
  • Резервни делови, дијагностика, работилници
  • Мултимедија
  • Системи eBike
  • Алати
  • Сигурносни системи
  • Комуникации
  • Технологија на паркирање
  • Термо-технологија
  • Соларна енергија
  • Програмски иновации
  • Здравство
  • Енергетика и градежни решенија
  • Одржлив развој

Robert Bosch (1861. – 1942.)

Индустријалец, инженер и изумител, основач на компанијата Robert Bosch GmbH

Роден во Германија во местото Albeck североисточно од Ulm, Robert Bosch
бил единаесто од 12 деца на добро ситуиран фармер. Robert Bosch на 25 госини во Stuttgart отвора своја работилница за прецизна механика и електрични инженеринг. Во 1897 Bosch за прв пат го адаптирал магнетот на моторот на возилата и така го решил еден од најголемите технолошки проблеми на почетната автоиндустрија. Нешто подоцна во 1902 Бошовиот истражувач Gottlob Honold ја патентирал свеќицата каква што денес ја познаваме.

bosch набрзо го надминал германскиот пазар па уште во 1906 отворил канцеларии во Америка, а во 1913 и во Австралија, Африка и Азија. Исто така тој е еден од првите индустријалци во Германија кој вовел осумчасовно работно време.

4.2.7

Kлучни системи и изуми
1902. Свеќица
1909. Пумпа за масло
1913. Светла за автомобили
1914. Стартер (Алансер)
1921. Eлектрична сирена
1923. Вентили на гумите
1927. Дизелски систем на вбризгување
1927. Серво кочници
1926. Брисач за стакла
1928. Покажувач на насока – жмигавец
1930. Светла за магла
1936. Греење во автомобилите
1958. Алтернатор
1967. Електронско вбризгување на бензин
1971. H4 светилки
1976. Lambda-сензор
1978. ABS
1980. Eлектронска контрола на воздушните перници
1983. Eлектронска навигација „EVA“
1986. Kонтрола на тракцијата
1993. Помош при пракирање
1995. Контрола на стабилноста
1997. Common-rail вбризгување
2000. Паметен темпомат
2001. Aктивен систем против судар
2005. Night vision
2007. Систем start-stop
2010. Паралален full-hibrid

bosch-nagrada