
Valeo е автомобилски снабдувач, партнер на сите производители на автомобили во светот. Како компанија за технологија, Valeo нуди иновативни производи и системи кои придонесуваат во намалувањето на емисијата на CO2, подобрување на перформансите на возилото и за развојот на интуитивно возење.
Повеќе информации за брендот на официјалната WEB страна на VALEO
За Valeo
Од игла до локомотива, а што е најдобро – се со квалитет достоен за прво вградување. Тоа е Valeo. Сеприсутен добавувач присутен и на афтермаркетот, па така и на полиците во нашите продавници.
Valeo е компанија со големо наследство и искуство. Не е бренд кој е генерички настанал вчера па се наметнува со добри дистрибуциски канали. Не, неговиот „know-how“ веќе со години го користиме во нашите автомобили. Имено, тоа е компанија која својот имиџ го изградила врз основа на производи со врвен квалитет кој најголемите светски производители го избрале за прво вградување (ОЕ). Доволно зборува тоа што VAG групацијата (VW, Audi, Seat, Škoda) најголем купувач на Valeo.
Уште повеќе, доволно зборува и тоа што према ADAC-овото тестирање светлата на VW Golfu VII прогласени за најдобри, а посебно е награден и усисот на воздух за кој Valeo е ексклузивен добавувач. Вредноста на спојката на Valeo ја докажува првото вградување во премиум модели како Minija Cooper и Audija A1, а ширината на асортиманот го открива податокот дека секое трето возило во Германија опремено со Valeo-ви брисачи. Од друга страна, Valeo не го заобиколува ни камионскиот програм, па дури 45% од спојките за прво вградување кај Мерцедесовите камиони ги потпишува токму Valeo.
Програмот сепак тука не престанува бидејќи другата страна на Valeo-вата деловна острица е понудата на афтермаркет асортиманот позади кој стојат дури 1085 вработени во 120 земји. Со активностите на тоа поле Valeo остварува значајни 16% од својата вкупна продажба, а тој процент е во константен раст. Можеби доволно е да се каже дека Valeo станал број 1 кога е збор за добавувачите на спојки и тоа претекнувајќи брендови како LUK и Sachs што всушност не е ни чудно кога во програмот има дури три решенија за растечката побарувачка на спојки и двомасни замајци. Првите со квалитет на ниво на ОЕ, потоа DMF-модулот односно Kit 4P со кој заедно покрива 70% од автомобилите. Ако тоа го вброиме со понудата на ладилници, стартери и алтернатори, сситемите за климатизација, кочници, EGR вентили, пумпи за вода, па брисачи и метлици – очигледно е зошто Valeo е присутен во секој автомобил. Бројките кои ги изнесувам само се дел од репрезентативната понуда на комплетниот асортиман на Valeo.
- 15 брисачи од 350-650mm
- 865 кочиони плочки, 577 дискови
- 1494 хладњаци
- 610 пумпи за вода
- 300 апликација за EGR-менаџмент
- 507 компресори на клима
- 489 филтри за кабина
- 1434 предни светла
Стотина награди за Valeo-виот фрикциски материјал кој ги помирува трошењето и трајноста, буката со ефикасноста, го потврдува одушевувањето на корисникот.
Структура на активност
- Погонски систем
- Tермални системи
- Системи за конфор и асистенција
- Системи за видливост
- Valeo сервис
Valeo во бројки
- 74.800 вработени
- 124 фабрики
- 12 дистрибуциски платформи
- 61 RD центар
Глобален развој на компанијата
1923.-1961.
Францускиот застапник на кочниците на Ferodo Eugène Buisson, отвора сопствена работилница во Saint-Ouenu и отвора компанија (Société Anonyme Française de Ferodo) како би под лиценца произведувал облоги за кочници. Компанијата расте, се проширува на производство на спојки и до почетокот на Втората светска војна е во сопственост на речиси сите патенти поврзани со спојки. Фабриките сместени околу Нормандија биваат делумно уништени, но во текот на 1950 година сите се модернизираат.
1962.-1978.
Компанијата ја превзема поголема индустриска компанија специјализирана за вентилација и греење, па со самото тоа производството се шири на термалните системи во автомобилите. Компанијата во текот на 60-тите години експандира на европскиот пазар, првенствено францускиот, италијанскиот и шпанскиот. Во 1970 година изграден е нов истражувачки центар заедно со воздушен тунел во близина на Париз, а во 1974 работењето се шири во Бразил.
1980.
Раѓање на брендот Valeo. Управата во мај 1980 ги обединува сите свои брендови и вработени во иста компанија под име кое на латински јазик има значење „добро сум“.
1980.-1990.
Интернационална експанзија. Отако е отворена првата фабрика во САД следувала уште една во Мексико. Потоа групацијата ја презема компанијата Ducellier и со самото тоа производството се шири на алтернатори, стартери, светла и системи за палење. Се формира и погонот во Тунис од каде стигнуваат спојките. Се отвараат застапништва во Шпанија, Италија, Германија, Бразил и Јапонија. Конечно, со купување на компанијата Neiman, Valeo се активира на подрачјето на сигурносни системи. Погони се формираат во Јужна Кореја и Турција.
1990.-2000.
Исклучителноста станува приоритет, па Valeo ја претставува стратегијата „пет осовини“ како би се посветил потполно на задоволството на купувачите. Се отвораат центри за истражување и развој во близина на Париз, а се продолжува со глобалното ширење и во Кина, Чешка и Индија. Со превземање на работењето на ITT Industries i Labinala, Valeo станува важен глобален играч во електрониката.
2000.-2009.
Време на технолошки иновации со новиот милениум Valeo станува водечки светски производител на системите за помош при паркирање. Прв во светот лансира систем старт-стоп. Влезот во светот на погонот со аквизиција на компанијата Johnson Controls
2009.
Продолжување на одговорниот раст. Фокусирање на екологијата и намалување на CO2 и развој во азиските земји.
Значајни први вградувања
Aston Martin (предница, термална единица HVAC)
Audi A3 (паркин сензори, усис, сензор за дожд)
BMW seriа 6 (задни LED-светла)
BMW X6, seriа 5 (360VUE паркинг систем)
Citroën DS3 (start-stop, easy fit)
Citroën DS5 (hands-free влез во возилото)
Hyundai Santa Fe, ix35 (PARK4U паркинг систем)
Kia Optima, Sorento, Sportage (PARK4U паркинг систем)
Lancia Delta, Ypsilon (PARK4U паркинг систем)
Range Rover (PARK4U паркинг систем, 360VUE)
Range Rover Evoque (PARK4U паркинг систем, 360VUE)
Mercedes SL (Aquablade метлици за брисачи)
Peugeot 208 (start-stop)
Peugeot 508 (start-stop, предница)
Seat Leon (PEOPLED светла)
VW Golf VII (модул за усис, BEAMATIC ксенонски светла)
VW Touareg (360VUE, сензор за дожд)
Volvo V40 (PARK4U паркинг систем)