Свечено отворање на нова продавница на Првомајска во К. Вода
На ден 26.03.2019 се случи свечено отворање на нашата нова модерна продавница во населба К. Вода, Скопје. По тој повод на коктел беа поканети и присуствуваа сите наши партнери, деловни соработници, големи клиенти, како и сите вработени во Мега Ауто Партс. Главната наша мисија и цел е на нашите клиенти да им понудиме што повисок квалитет за пристојна цена, брза и ефикасна услуга и широк асортиман производи на едно место. Со новоотворената продавница полека, но сигурно го трасираме патот кон подигнување на стандардите и поставување на репери во бизнисот со авто делови во државата. Покрај вообичаениот асортиман по кој Мега Ауто Партс е познат повеќе од две децении, во продавницата во К. Вода можете да најдете и широк асортиман на авто-козметика и додатоци (аксесоари) за вашите автомобили по промотивни цени. Продавницата поседува и сопствен паркинг. Повелете, посетете не и уверете се. Ве очекуваме.