Обука за сервисирање на роботизираните мануелни менувачи DSG
Во просториите на Mega Auto Parts вчера се одржа сертифицирана обука за сервисирање на роботизираните мануелни менувачи DSG на VAG групацијата од страна на овластен инструктор на Schaeffler Group. Обуката се состоеше од теоретски дел (предавање) за начинот на функционирање и составните компоненти на DSG менувачите, како и практичен дел во кој учесниците самите во групи работеа на сервисирање (промена на ламелите, пливачкиот замаец, лагерот) на DSG менувачот со 7 степени од првата генерација со со сува спојка вградуван во моторите од 1.6 L и 1.9 TDI од групацијата VAG. На обуката беа присутни сервисери од повеќе градови во Македонија, како и од Косово. По успешно завршената обука учесниците добија сертификати од Schaeffler Group но и пакети со промотивен материјал од Mega Auto Parts.
Mega Auto Parts како и до сега така и во иднина ќе продолжи да вложува во едукација и обуката на сервисерите во Македонија и регионот, кои се инаку наши редовни коминтенти и партнери, преку одржување на обуки и работилници од страна на овластени инструктори од нашите добавувачи. Целта ни е преку едукација на оние што се задолжени за одржување на вашето возило, да се унапреди квалитетот на услугата што вие како крајни потрошувачи ја добивате, бидејќи долготрајноста на вашето возило зависи не само од квалитетот на вградените резервните делови, туку и од начинот на нивно вградување и подесување од страна на вашиот сервисер.
Инаку интересен факт е дека роботизираниот DSG менувач е изум патентиран токму од страна на Schaeffler Group (под чија капа се брендовите LUK, INA, FAG) и e оригинално наречен 2CT, за да денес под различни имиња наоѓа примена во повеќето автомобилски брендови, како во VAG групацијата, така и во PSA, Fiat-Chrysler, Mercedes итн.