Menu

INA

Ina

INA е дел од Schaeffler Group и е производител на придвижувачи и затегнувачи на ремени и ланци, хидраулични самоприлагодливи вентили и единици за фазно подесување на брегасти осовини

Повеќе информации за брендот на официјалната WEB страна на INA

За INA како дел од групацијата Schaeffler

Квалитетот не е една од ставките, туку приоритет кој се провлекува низ сите фази на производниот процес до конечната услиуга и баш затоа брендовите под Schaeffler можат да понудат врвна услуга достојна на оригиналната опрема.

schaeffler-logo

Пазарниот успех и домет на Schaeffler групацијата се создава веќе повеќе од 100 години. Уште од 1893 година кога Friedrich Fischer ја равил првата голдалица за производство на тркалезни лежишта. Тој момент и година во историјата на фирмата се споменуваат со причина бидејќи баш Schaeffler групацијата ги собира брендовите кои денес ја чинат водечка кога се во прашање решенијата со тркалезни и клизни лежишта, линеарната погонска технологија и технологијата на директен погон. Секако тука станува збор за брендовите Luk, INA, FAG i Ruville со повеќе од 30 големи продажни главни уреди низ целиот свет.

schaeffler-uprava

Исто така Schaeffler групацијата е и реномиран добавувач за прво вградување во авто индустријата. Сите производи се лиценцирани, баш како и постапките за сервисирање, без оглед дали станува збор за погонски системи, мотори или шасии. Schaeffler стои зад исклучителниот квалитет на заменски делови исти како и деловите за прво вградување (OE) во сите класи на возила. Специјалистите на афтермаркет пазарот го имаат на располагање во асортиманот и сето она што е неопходно.

Како дел од големата Schaeffler  групација делува и деловната групација Automotive Aftermarket која што е задолжена за делот од работите на корпорацијата врзани за дистрибуција и пооддршка на клиентите на заменски резервни делови и тоа го прави во цел свет. Schaeffler Automotive Aftermarket е исклучително спремен за иднината со своите четири силни производни брендови LuK, INA, FAG i Ruville како и повеќе од 30 продажни главни канцеларии и свои филијали ширум светот. Schaeffler е присутен во 49 земји на приближно 170 локации и тоа е мрежа на производствени погони, центри за развој и истражување, продажни центри, инженерски канцеларии и центри за обука.

grosslagerpruefstand astraios
Покрај усовршените решенија за поправка, развој на специјални алати, технички школувања и web-порталот RepXpert, специјалистите на Schaeffler Automotive Aftermarket заедно со деловните партнери од истиот сектор започнале и значајни сервисни концепти. Со носење на свежи информации на пазарот направиле голем придонес во поддршката како на работилниците, така и на дистрибутерите. Овие решенија го вклучуваат „TecDoc“ базата на заменски резервни делови. „ТеcCom“ платформата за оптимизација на процесот на нарачување и организација на логистиката во складовите, „PartsLife# системот за управување и складирање на отпадот, како и иницијативата „Квалитетот создава дополнителна вредност“ која е посветена на спроведување на исклучителен квалитет во Афтермаркер секторот.

Групацијата Schaeffler е активна во целиот свет и оствари промет од приближно 11,2 милијарди евра во 2013 година. Со своите повеќе од 80.000 вработени ширум светот, Schaeffler е една од најголемите германски и европски компании во семејна сопственост.

Производствени процеси

Глобално униформирани и со високи производни стандарди сите нивоа на Schaeffler групацијата осигурива услуги на највисоко ниво на квалитет. Во Кина како најголем пазар кој се развива бомбастично, деловното работење се развива чекор по чекор. Желба е да се имаат производни процеси таму кај што се сака да се создаде пазар и тоа се однесува на сите пазари. Во фабриката во Taichung се произведуваат прцизни компоненти за пренос како и лежишта за автомобилите и индустрискиот сектор.

Нулти процент на дефекти

Schaeffler-овата политика на квалитет е базирана на интернационални правилници и стандарди, па квалитетот не е едно од барањата, туку континуирана задача. Тој се поставува пред развојниот процес, пред вработените и се вградува во услугата и така се елиминираат недоследностите и самата можност за грешка.

special-tools

Платформа Фабрика за идеи

Главната цел е задоволство на купувачите, но до него се доаѓа со оптимизирани процеси и задоволни работници. Schaeffler затоа осмислил интернационална програма MOVE која сите вработени ги вклучува во секојдневната оптимизација на процесите.
Вработените секојдневно се прашуваат за идеи за оптимизација во секој дел на работењето, а да не остане се на идеи, осмислена е и платформа наречена Фабрика за идеи. Низ неа вработените ги изнесуваат своите мислења и тие навистина се анализираат, а најдобрите предлози потоа и се наградуваат.

Eлектрична мобилност

Schaeffler е спремен и за електричната иднина. Едноставно ја чека наоружан со готови технологии и знаење, а тоа го докажува одделот eMobility System Division кој ги собира сите индустриски и автомобилски активности на тема електрична мобилност. Целта на тој оддел е создавање свовидно седиште во кое ќе се среќаваат различните индивидуални компоненти како би ја пронашле својата цел и во заедничкото делување. Во синергијата која својата примена би ја нашла во некои идни електрични погони.
Дури и сега е богат асортиманот на производи применливи во електричната мобилност, бидејќи се развиени потребните сензори за електрични велосипеди, старт-стоп системите за автомобили, баш како и спојките за електричните автомобили. Исто така се работи на обновливи извори на електрична енергија, посебно што Schaeffler е водечки во производството на лежишта за турбини од сите видови.
Резултат на својот развој и делување е и концептното возило ACTIVEeDRIVE  кое и покрај чистиот електричен погон пружа одлично доживување при возењето. Суштината на погонот е иновативниот E-диференцијал со активна распределба на моментот поради кој Schaeffler станува пионер кога станува збор за напредните динамички особини на електричните возила. Односно станува збор за знаење кое ќе може да се примени на спортските возила, но и на класичните возила.
active-drive

Schaefferov električni auto ACTIVeDRIVE je potpuno električno vozilo sa stalnim pogonom na sve kotače i maksimalnom snagom od 210 kW, odnosno 285 KS. Tolika snaga u kombinaciji s litij-ionskom baterijom kapaciteta 18 kWh rezultira dosegom kretanja do 100 kilometara. Pritom na umu treba imati da ACTIVEeDRIVE nije maleno i lagano vozilo, već itekako upotrebljiva karoserija Škode Octavije Combi 4×4.

Специјални алати за специјална услуга

Со своите LuK Repset сетови® (LuK RepSet®, LuK RepSet® Pro, LuK RepSet® DMF i LuK RepSet® 2CT), Schaeffler Automotive Aftermarket на работниците им осигурува професионална поддршка во поправката на потисните системи. Како дополнување на опсежниот асортиман на спојки и инвентивните системски решенија, понудата исто така ги вклучува двете хидраулични компоненти за соодветно сервисирање на спојката и серво пумпата на погонскиот систем. Асортиманот е дополнет и со решенија за погони со запчест ремен, погон на помошни агрегати и вентилски погони – INA SET-овите на затегнувачи за ремени, INA KIT-ови на затегнувачи на ремени – со пумпа за вода и без – затегнувачи на ремен и лизгачи, механички и хидрауличнои лончести подигнувачи, клацкалици на вентилите и полуклацкалици на вентилите со валјак.
Широкиот асортиман на FAG-овите производи нуди се што е потребно за решенија за поправка, од едноставна замена на лежајот на тркалото со доверливи високопрецизни лежишта за тркала, до комплексни решенија како што се лежајните модули: од FAG SET-от лежишта за тркала, FAG Wheel Pro за замена на лежишта на тркалата на целата осовина, па се до решенија за поправка на лесни транспортни возила и FAG RIU решенија за возила за стопанството.

RepSet_6000014000_MG_1512

20.000 артикли за прво вградување

Schaeffler Automotive Aftermarket как одивизија задолжена за пазарот на резервни делови своето работење го базира на три силни бренда – LuK, INA i FAG – и тоа е доволно за производство на повеќе од 20.000 делови според оригинална спецификација. Со толкавиот асортиман се покрива речиси се што и е потребно на авто-индустријата на подрачјето на техниката и погонот, односно тоа се делови од системот за пренос, моторот и трансмисијата, како и шасијата на возилата.
Едноставно на автоиндустријата и треба Schaeffler Grup на што укажува и фактот дека групацијата регистрирала повеќе од 18.500 патенти, па впо Германија веќе повеќе години нананзад е во Топ 5 иновативни компании.
Секако Schaeffler и на глобално ниво игра исклучиво главни улоги.