Menu

NTN-SNR

NTN SNR

Преку нивната репутација за квалитет, капацитетот за иновации и експертиза, NTN-SNR стана избор на најголемите ОЕМ производители на автомобилски делови во светот и нивен посакуван партнер во афтермаркетот.

Повеќе информации за брендот на официјалната WEB страна на NTN-SNR

За NTN-SNR

Можеби при споменување на лежишта до сега помислувавте на други имиња, но NTN-SNR е партнер и прво вградување во сите автомобили кои ги гледате по патиштата, а дел е од програмата на Мега Ауто Партс.

 ntn-snr-edc

Позади двојната кратенка во името стои компанија која е создадена во 2007 година со обединување на компаниите NTN и SNR. 11 години не е особено долг животен век, но компаниите засебно претходно сообраа искуство од речиси 100 години. Продолжението ја открива моќта на овој денес Мега бренд. Но да тргнеме од долгогодишниот јапонски специјалист за лежишта NTN. Кратенката значи Noboru Niwa (основач на компанијата), Tomoe Trading Co. (името на компанијата која била одговорна за продажба која ја основал Niwa) и Jiro Nishizono (коосновач, врвен инженер). Имано Niwa и Nishizono во 1918 започнале да ја истражуваат можноста за производство на куглични лежишта. Подарок од небото било потонувањето на шведскиот брод во пристаништето во Кобе во 1922. Тој брод пренесувал лежишта. Осигурителната куќа ислатила оштета и станала сопственик на товарот кој го понудила на аукција. Господин Niwa победил и дошол во посед на три глодалици од странско производство. Nishizono добро ја проучил технологијата за изработка на лежишта и во 1923 се појавило името NTN и почнало производството и продажбата на лежиштата. Компанијата растела и ги унапредувала своите производи кои станале ценети во целиот свет. Следниот чекор бил ширење на Стариот континент во 1961 година со основање на NTN Wälzlager G.m.b.H во Западна Германија. Истата година од компанијата INA  е купена технологија за изработка на игличасти лежишта. Десет години подоцна основана е компанијата NTN Kugellfabrik G.m.b.H во Германија (Metmann) која се занимава со изработка на кугличасти лежишта. NTN продолжува да расте и во 1988 во Франција влегува во заедничко вложување со Renault и ја основа NTN Transmission која се занимава со изработка на комокинетички зглобови. Две години подоцна комплетната групација стекнува ISO 9000 сертификат за квалитет на своите производи. Другиот дел од компанијата има свои корени во Франција. Во 1916 швајцарскиот ковач Jacques Schmid во Annecyju ја основа компанијата SRO која се занимава со изработка на производи од метал. Под влијание на Henry Ford пробал да го намали губитокот на време на најмала можна мера. Водачите на производството и инженерите морале да бидат достапни на шефот цел ден, но и во текот на ноќта. Затоа им е изградена населба веднаш до фабриката како би биле блиску и одма би можеле да дојдат. Освен тоа жените се рамноправно запослувани како оператори на машините за обработка на метал, па во 1920 веќе биле запослени 350 работници во производство на лежишта за трамваи.
Во Втората светска војна фабриката претрпела исклучително тешки оштетувања. Први ја бомбардирале сојузниците, но целосно е уништена во 1944. Повеќе од 300 бомби паднале во кругот на фабриката за помалку од 20 минути. Тогаш настапува свежо национализираниот Renault, голе мпроизводител кој Франција го присвоила бидејќи Louis Renault оптужен за колаборација со Германија. Воглавно Renault  ја превземал растечката компанија SRO и ја преименувал во SNR (Societe Nouvelle de Roulements – нова компанија за изработка на лежишта). Почнува период на голем раст. Обновениот SNR набрзо после војната станал четврти производител на лежишта во Европа.

bearings-resize

Покрај автомобилската индустрија, SNR дал свој прилог во изработка на Concord 1967, а се вклучил и во изработка на млазни мотори за патнички авиони. Во текот на 80-тите години Alain Prost освојува титула на светски првак во F1 со Renault и SNR лежаите во својот болид, а присутни се и во TGV  железниците кои поставуваат брзински рекорд за возови. SNR е прва светска компанија за изработка на лежишта која ги исполнила строгите стандарди за квалитет кои пропишуваат ISO 9000, а технолошката супериорност потврдена е и со производство на првиот валчест лежај со интегриран давач на положбата на ABS системот.
Со тоа неспретните ABS прстени се осудени на изумирање, а на конструкторите на автомобили значително им е олеснет животот и широко отворен патот на несметано вградување на ESP системите. SNR лежиштата се вградуваат во најголемиот патнички авион на сите времиња, Airbus A380, а доаѓа до здружување на компаниите NTN и SNR. Истата година поставен е нов светски рекорд за возови со користење на SNR лежишта: 574,8 km/h. Во последните пет години десетте најпродавани автомобили во Европа и Азија се опремени со NTN-SNR лежишта со интегриран магнетен давач на положбата на ABS системот.
Денес NTN-SNR е компанија за прво вградување (OEM) на сите водечки производители на автомобили и пратечка индустрија. Нивните лежишта се користат при изработка на шасијата, менувачките кутии, моторот, преносот и останатите агрегати. Но NTN-SNR не е фокусиран само на ОЕМ програмата, туку и на исклучително квалитетните производи кои може да се најдат по многу поволни цени во ланецот продавници на Мега Ауто Партс, а се дел од афтермаркет програмата. Освен тоа, компанијата се занимава и со изработка на лежишта кои ги задоволуваат потребите на индустријата, но и на железничкиот и воздушниот транспорт. Најновото поле на интерес е изработката на специјални лежишта со исклучително мал губиток при тркалање за ветерни електоцентрали каде механичката ефикасност на погонот е исклучително битна. NTN-SNR не се занимава само со лежишта. Тука е и програмата на запчести ремени кое за сега се нуди само во китови со останати компоненти (затезачи, клизачи), а од неодамна се и во понудата клинестите и каналните ремени како поединечни артикли. Тука се и затезачите, како и специјалитетот – дисковите со интегрирани лежишта и главчини на тркалата кои ги користат некои автомобили. NTN-SNR денес нуди и лежишта за комерцијална програма (вклучувајќи ги и најтешките влекачи), а тука се и лежиштата на тркалата, амортизерите и задниот мост. Едноставно NTN-SNR го поминал трновитиот пат, но успехот никогаш не изостанал. Референци? Насекаде се околу нас – посматрајтеја било која сообраќајница подолго од минута, сосема сигурно по неа нема да помине ниту еден автомобил во кој не е вграден некој дел од NTN-SNR.
ntn_snr-products

Историја на тркалачите лежишта

Скици на робови кои градат пирамиди покажуваат дека големите камени блокови се поместувани на дрвени трупови кои се вртат. Претходноицата на тркалачките лежишта е родена. И скиците на големиот Леонардо да Винчи покажуваат дека и тој со промислување дошол до принципиелното решение кое покажува тркалачко лежиште. Вистинскиот развој на тркалачките лежишта почнал со индустриската револуција кога почнале да се произведуваат разни машини, па се појавила и потребата за лежиштата од различен тип. Но, се работи за исклучително комплексен производ кој начелно е едноставен, но многу е тешко да се произведе, па во светот мал број се компаниите специјализирани за тоа.

NTNSNR_cover_google_2120x1192-(2)