Menu

OSRAM

Osram

OSRAM е еден од двете водечки производители за светла во светот. Портфолиото на компанијата опфаќа палета од компоненти до уреди за електронска контрола, како и светилки, системи за управување со светлината и решенија за осветлување.

Повеќе информации за брендот на официјалната WEB страна на OSRAM

За Osram

Квалитетното осветлување е од голема важност за сигурноста во вашиот автомобил. OSRAM сијалиците се сигурно најквалитетно решение за осветлување на вашиот пат. Без оглед дали барате халогено светло, ксенонско светло или LED светло, со производите на OSRAM секогаш имате најдобро решение во своето возило. Запрепастува податокот дека оваа година дури половина од сите нови автомобили во светот ќе слезат од прозводната лента опремени со OSRAM светилки. Довербата која OSRAM ја ужива кај сите производители на автомобили во светот не е дојдена случајно, таа е резултат на една желба и бескомпромисна потрага по знаење и квалитет. Едноставно OSRAM е компанија која сака да биде најдобра и не прифаќа ништо помалку од тоа.

Поради што се OSRAM сијалиците најдобри за вашиот автомобил? OSRAM нуди широка палета на производи и ќе ја задоволи баш секоја ваша потреба за осветлување.

 
OSRAM ХАЛОГЕНИ СВЕТИЛКИ

Халогените светилки се се уште најчесто употребувани светилки во вашите автомобили. OSRAM нуди неколку линии на светилки во склад со вашите потреби и желби.

OSRAM COOL BLUE INTENSE светилки

Како што и самото име му кажува, ова е COOL линија на светилки наменети првенствено за автомобилски ентузијасти на кој им е стало до изгледот и COOL ефектот на нивниот љубимец. Доколку сакате синкасто осветлување кое одзема здив и за кое ќе се вртат главите при вашето вечерно излегување, ова е производ за вас и не треб да барате понатаму.

Она што стручњаците од OSRAM го придодале на вашата COOL халогена светилка е 20% посилен интензитет од вообичаените светилки, снага до 4.200 келвини и можност да ја вградите сосема легално во своето возило. За вашата сигурност и мирно враќање од вечерното излегување.

OSRAM NIGHT BREAKER UNLIMITED светилки

NIGHT BREAKER не претставува него поставува нов стандард кај халогените светилки. И бројките и субјективните доживувања се импресивни. 110% повеќе светло отколку кај класичните халогени светла, 40 метри подолга трака, 10% побела светлина. NIGHT BREAKER се доказ дека OSRAM може и подобро, подолго и појако од конкуренцијата, вистински лидер меѓу светилките.

OSRAM ULTRA LIFE светилки

Не сме сите со желба за завидливи погледи и возбудувања, некои од нас само сакаат доверливо и трајно осветлување кое трае и до три пати повеќе од останатите решенија. Некои од нас се склони да заборават на скапите посети на механичари или валкање раце под хауба. Додека го испивате утринското кафе и го гледате соседот прку пат како и овој месец менува светилка на своето возило, наоѓате необично заадоволство во фактот што сте ја одбрале токму ULTRA LIFE OSRAM светилката и пробувате да се сетите кога тоа беше кога менувавте светилка, ама знаете само дека сте биле нешто помлад и секако подобро информиран од соседот.

OSRAM ORIGINAL LINE светилки

сакате квалитет на кој му верувавте кога купувавте ново возило, линија на производи која го створила со години нечепнатиот углед и почит во автомобилската индустрија. Оригиналниот квалитет, импресивното осветлување и долгиот сервисен интервал по поштена цена – тоа е она што заправо го баравте.

OSRAM КСЕНОНСКИ СВЕТИЛКИ

Како и кај веќе добро познатите халогени, така и OSRAM ксенонските (HID) светилки претставуваат врв во понудата на нашиот пазар. Големо количество исклучително интензивно светло на патот пред вас е сосема нов стандард кога е во прашање ефикасноста и трајноста.

OSRAM XENARC COOL BLUE INTENSE светилки

Ксенонските светилки од линијата XENARC COOL BLUE INTENSE благодарејќи на 5.000 келвини кои се грижат за осветлување на патот пред вас овозможуваат синкасто светло со остар контраст, ви го намалуваат заморот на очите и ризикот од непредвидени околности. Сето тоа со модерен OSRAM COOL дизајн и германска трајност, како создадени за тјунери и останати и останати автомобилски зависници.

OSRAM XENARC NIGHT BREAKER UNLIMITED светилки

NIGHTBREAKER линијата е веќе прилично добро позната кај халогените светилки и не е чудно што претставува се почест избор и кај ксенонските светла кога со 70% посилна светлина (во споредба со стандардната ксенонска светилка) пружа дополнителни 20-тина метри осветлени пред вас. Со температура од 4.350 келвини и ЕСЕ одобрување претставува бескомпромисен избор.

XENARC NIGHT BREAKER LASER ксенонски светилки емитираат светлосен сноп кој се протега до 250 метри и нуди до 200% повеќе светлина. Халогените светилки за предните светла исто така донесуваат максимални перформанси: новиот NIGHT BREAKER® LASER сега нуди до 150% повеќе светло и сноп на светлина кој се портега до 150 метри. NIGHT BREAKER® SILVER ќе ви пружи до 100% повеќе светло, како и сноп на светлина кој се протега до 130 метри. Таа нуди исклучителен однос на животниот циклус / трошоци и перформанси.

OSRAM XENARC ORIGINAL LINE светилки. Ксенонските светилки од линијата XENARC ORIGINAL LINE се веќе некое време синоним за максимална ефикасност. Ако ги споредиме со обичните халогени светилки пружаат 100% повеќе светло и со своите 4.100 келвини го приближуваат вашето ноќно осветлување на чекор до дневната светлина. Дури и возилата кои ви доаѓаат во пресрет ќе ви бидат благодарни бидејќи OSRAM ксенонските светилки не заслепуваат и не им сметаат на возачите спроти вас. Импресивен е податокот дека очекуваниот век на траење на OSRAM ксенонските светилки е еднаков на очекуваниот век на автомобилот.

OSRAM LED СВЕТИЛКИ

Иднината пристигна. Кога сте помислиле дека не може подобро, стигнаа OSRAM LED светилките. Без оглед дали се работи за обични или светла за магла, OSRAM LED светилките нудат едноставно вградување, исклучителна трајност и највисок квалитет на пазарот во склад со OSRAM деловната политика и претставуваат уште едно бескомпромисно решение на германските мајстори на осветлувањето.