Присутен на пазарот од крајот на четириесеттите години, Malò е лидер во дистрибуцијата на производи од гума, гума-метал, семеринзи, хидраулични делови за сопирачки и квачила, црева за кочници, сајли, ремени, лежишта за тркала, затегнувачи за ремени и пумпи за вода.
Повеќе информации за брендот на официјалната WEB страна на MALÒ
За MALO AKRON
MALO AKRON резервните делови потекнуваат од доверлив извор од северниот дел на италија. Во речиси полни 70 години делување Akron е фокусиран на постојано унапредување на услугите и постигнување на високи стандарди на производство и квалитет. Меѓу првите на нашиот пазар добитници се на UNI EN ISO 9002 сертификатот за квалитет во 1995 година. Цертификатот го истакнува континуираниот напор посветен на истражувањата за што поквалитетни производи и маркетиншките услуги како би биле корисниците во сигурни раце.
Акрон во своето производство нуди високо ниво на квалитет и првенствено прифатлива цена за програмата на резервни делови.
Производството на Malo го опфаќа следниот асортиман на производи:
- носачи на мотор
- носачи на диференцијал
- носачи на амортизери
- елементи од гумено-металната галантерија
- гумени црева за воздух, вода и гориво
- делови од кочиониот систем, суспемнзијата и издувот на моторот
- семеринзи на моторната група
- сајли за гас
Историја на компанијата:
MALO Akron е основана уште во далечната 1947 во една улица во Милано и таму е започната трговија со многу мал склад, а сето тоа иницирано од основачот, господин Aldo Malo.
Во 1966 година компанијата станала „LTD“, што зборува за нивниот развој и проширување на силниот европски пазар.
Во 1971 година фирмата вовела во својот магацин, кој тогаш бил со површина од 1.800м2 полуавтоматско управување во складирање на производите што тогаш било исклучително софистицирано.
Она што е интересно за италијанската историја во автоиндустријата и што се случило истата година е што тогаш излегол на пазарот Fiat 127 и е прогласен за Автомобил на годината што во Akron сакаат да го споредуваат со нивниот тогашен напредок. Во 1992 година компанијата поминала во складишен простор од 4.000м2 и додатен склад со простор од 2.000м2
Во 1999 година компанијата компанијата поминала на „LTD“ на тнр. „Joint-Stock“ компанија, што зборува за преоѓање на распределба на различни сопствени складови, на сопственички удели во одредена пропорција, секоја со различна големина, што повторно подразбира раст и напредни одлуки на менаџментот на компанијата.
Од 2003 компанијата MALO AKRON започнува да го користи нивното познато лого под кое се препознатливи и денес.
Malo Akron веќе го прослави својот 70-ти роденден.