Menu

Во периодот од 25-27 јануари 2019 година Мега Ауто Партс организираше team building за своите вработени во Банско, Р. Бугарија. Како компанија која го сфаќа значењето и важноста на тимското работење како императив за раст и развој на компанијата, одлучи да им овозможи на своите вработени опуштено дружење во неформална атмосфера, надвор од работното место. Зимскиот рекреативен центар Банско е идеално место за таква дружба и јакнење на тимскиот дух. Ефектот и фидбекот од овој настан е повеќе од позитивен и целта е постигната. Тимот е онолку силен колку што е компактен, функционален и сплотен, а тоа најдобро се постигнува преку организирање на team building настани. Успешното работење и растот на компанијата бара максимална посветеност на секое поле и токму тоа е она што го прави Мега Ауто Партс.