Menu
  • Дома
  • Совети
  • За лесен старт зиме не заборавајте го моторното масло

При отежнато стартување на моторот зиме, прво се помислува дека е слаб акумулаторот или е замрзнато горивото. Но, моторното масло има исто толку голема улога во студеното годишно време.

Кусо верглање, и потоа молк. Секое зимо илјадници возачи се наоѓаат затечени, затоа што моторот не стартува. Доколку се работи за дизел мотор, сомнежот веднаш паѓа на горивото, но смрзнувањето на дизел горивото при пропишаниот зимски квалитет може да се случи единствено при екстремно ниски температури. Слабиот акумулатор е следната причина што може да доведе до затајување на автомобилот. Но, едно се заборава. Подеднакво е важен и правилниот избор на моторно масло и почитувањето на рокот за замена на истото.

Свежото масло го спречува замрзнувањето на вентилацијата на блокот на моторот и помалку енергија е потребна за стартување на моторот, со што се растоварува и акумулаторот. Токму од свежото масло може да зависи дали наутро ќе го стартувате моторот лесно или ќе мора да се повика шлеп-службата. Во продолжение се образложени најважните факти:

Не го пропуштајте рокот за замена на маслото: Својствата на моторните масла ослабуваат како што наближува рокот за замена на маслото. Се создаваат штетни талози и стареењето на маслото води кон згуснување на средството за подмачкување. Најголемата штета сепак доаѓа од кондензираната вода. Таа може да се наталожи во вентилацијата на блокот на моторот и при температура под нулата може да го оневозможи стартувањето. Стартерот не може да го заврти коленастото вратило. Затоа е важно да се почитуваат пропишаните интервали за замена на маслото, а по можност и да се замени маслото пред доаѓањето на зимата. Средствата за подмачкување што не го исполнуваат прошишаниот квалитет од производителот или го имаат пречекорено интервалот за замена, не одговараат за зимата.

Правилен избор на моторно масло: Класичните моторни масла на минерална основа само во најретки случаи ги исполнуваат барањата на производителот на возилото. Челичното правило гласи: Колку е понов моторот, толку тој е повеќе чувствителен при примена на масла со недоволен квалитет. Тоа важи во текот на целата година, но лошите последици се покажуваат особено во зима. Во споредба со синтетските моторни масла, густите варијанти на моторни масла ја зголемуваат потребната енергија при стартувањето на незагреан мотор за дури една четвртина. Тоа би било премногу за акумулатор што веќе е во години. Наспроти тоа, поскапите синтетски масла со специјални легирања ја задржуваат вискозноста и значително го олеснуваат стартувањето дури и при ниски температури.

Зголемување на потрошувачката на гориво: Во зимо значително се зголемува потрошувачката на гориво. Тоа најмногу се чувствува доколку секој ден се возат исклучиво куси релации. Причината е во незагреаниот мотор. При ниски надворешни температури, моторното масло е жилаво, а поголемо е и триењето во моторот, затоа што лежиштата и подвижните делови уште се немаат подмачкано оптимално. Потрошувачката во првите 30 секунди по стартувањето неретко достигнува ниво до 20 литри на сто километри, па и повеќе. Современите лесноодни масла се од голема помош и тука. Овие масла ја задржуваат вискозноста при ниски температури, брзо подмачуваат и ја смалуваат потрошувачката. Во споредба со моторни масла со повисока вискозност, овие лесноодни масла ја намалуваат потрошувачката и до 4 проценти, односно уште повеќе за време на загревањето на моторот. На тој начин за кусо време се надоместува повисоката цена што се плаќа за квалитетните лесноодни масла.

 

( Превземено од Аутомедиа )